Индексот се пресметува врз основа на објективни и јавно достапни податоци. Податоците за создавањето на Индексот произлегуваат од следните извори: 1) Меѓународна статистика; 2) Меѓународни организации; 3) Домашна статистика; 4) Податоци кои ги собираат и обработуваат национални институции; 5) Меѓународни бази на податоци; како и 6) Мониторинг на медиуми.

За потребите на индексот, присуството се идентификува во три димензии: економско, политичко и меко, или културно, присуство кои се составени од варијабли со различна природа. Затоа, индексот е корисен во откривањето не само колку се присутни наведените држави во Северна Македонија, туку и во утврдувањето на природата на споменатото присуство.

Преку индексот се одговара на прашањето: во која мерка и во која форма се државите „присутни“, на територијата на Северна Македонија, без оглед дали тие вршат вистинско влијание или пак демонстрираат моќ? Во извесна смисла, присуството може да биде основа за моќта – платформа или средство што овозможува присуството да се претвори во влијание или моќ – ако државата која го демонстрира е во состојба, односно е подготвена да ги оствари ваквите цели.

Главната цел на проектот е да придонесе за концептуализирање на глобализацијата и европеизацијата и за разбирање на надворешната политика. Затоа, една од функциите на Индексот е да ги анализира трендовите на присуство, подемот или падот на одредени држави и поголемата или помалата важност на мекото наспроти другите две форми на присуство. Индексот е исто така начин за проценка на надворешната политика на оние држави вклучени во пресметката – вложените напори и средства наспроти резултати, профил на присуството по сектор, врската помеѓу присуството и влијанието или пак дистанцата помеѓу објективното присуство и субјективната перцепција.

Индексот за меѓународно присуство ги опсервирани следните држави:

Повеќе информации за методологијата можете да прочитата во Извештајот за Индексот за меѓународно присуство на www.prespa-institute.mk